Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот Александар Николоски и членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки е во дводневна посета на Швајцарија, каде денеска во Женева тој имаше состанок со претседатели на многу задгранички комитети на ВМРО-ДПМНЕ од Европа.
-Цениме дека оваа мобилизација ни е потребна бидејќи периодот кој следи е нависитна предизвикувачки и е потребна што е можно поголема мобилизација на дијаспората да излезе да гласа на следните претседателски и парламентарни избори бидејќи се суштинкси за иднината на Македонија. Она кое го слушнав од луѓето овде се незадоволството како Владата на СДСМ и ДУИ се однесува кон дијаспората игнорантскиот однос, немањето механизми да се одговори на нивните барања и потреби, потоа бариерите при можните инвестиции и вложување во Македонија – рече Мицкоски.