Мицкоски од Струмица: Власта спрема создавање бинационална држава на два народи

by fokus

Не се само уставните измени за исполнување на бугарскиот диктат на кој работи власта, туку работат и на изработка на уставни измени со кои ќе ја редифинираат Македонија и ќе задрат во нејзиниот карактер.

Ова го изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од вечерашната партиска трибина од плоштадот во Струмица.

-Притоа, една од идеите за која предупредувам е дека работат на создавање на бинационална држава на два народи, неколку заедници кои денес се споменуваат во Уставот и постоење на малцинства. Упатен сум дека тоа се идеите кои се разработувале во Владата, но и од страна на партиските експерти кои ги пишуваат уставните измени. Редефинирањето на преамбулата на Уставот би било еден вид национално предавство на оваа Влада кое би ја фрлило државата на колена. Предупредувам Ковачевски да не си игра играчки со уставните измени со кои ќе ја редефинира Македонија во бинационална држава. Да престане да исполнува концесии кон ДУИ, затоа што плаќа прескапа цена за власта која ја има, рече Мицкоски.

Поврзани новости