Мицкоски од Штип: Денешните градоначалници ги викаат „комшии“

by fokus

Да бидете достапни за секого, со парите од општината да бидете штедливи и не смее да има повеќе бетон од зеленило, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски до идните градоначалници на вечерашната промоција на Иван Јорданов за кандидат за градоначалник на Штип.

-Мора Иване да бидеш транспарентен и достапен. Да не се случи како сегашната власт само да се гледаат градоначалниците по ток шоу емисии или по кафеани и ресторани. Работа не чека, а ние ќе ја имаме одговорноста. Се што ќе ветиш, да оствариш, и да работиш повеќе од тоа за да исполниш и повеќе од ветеното. Твојот противник и актуелен градоначалник во една емисија се поистовети себеси со Господ. Немој да заборавиш никогаш, никогаш, ама баш никогаш немој да заборавиш, ти му служиш на народот – рече Мицкоски.

Тој додаде дека доста е од, како што рече, локални бизнис моќници и новокомпонирани инстант бизнисмени кои се доближуваат до локалната самоуправа само да дојдат до маркица за некоја нова зграда.

-И таквата брза заработувачка прави да имаме денес градоначалници кои станале кметови одлепени од народот затоа што канцелариите им се полни со куферчиња пари за брзи маркици за градба. Затоа најчесто таквите градоначалници од власта ги викаат со популарно име „комшии“, кои што во секоја нова зграда, ако претходно не заиграло куферчето пари добиле нов стан, а колку повеќе згради толку повеќе и станови – рече Мицкоски.

Поврзани новости