Мицкоски од Охрид: Поддршката кон домашниот бизнис ќе биде наш приоритет

by fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска беше во посета на еден производствен погон во Охрид, од каде испрати порака дека вниманието и поддршката кон домашниот бизнис ќе биде приоритет на неговата партија кога ќе дојде на власт.

-Посетив производствен погон во Охрид со околу 50-тина вработени. Фабрика која се занимава со изработка на метални делови и лиење на делови од пластика и изработка на филтри. Ветивме отвореност кон малите и средни претпријатија кои се моторот на македонската економија со извозот кој што го прават. Ќе направиме поволна бизнис клима, ниски даноци, скратени процедури, подобри и поволни услови за нивно проширување и зголемување на капацитетите. Економијата и технолошкиот развој ќе бидат нашиот приоритет. Македонија мора да се развива, и да понуди шанса на секого, рече Мицкоски.

Поврзани новости