Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа присуствуваше на трибина во Гостивар, по повод ослободувањето на овој град во Втората светска војна и носење на Уставот во 1991 година. Тој додаде дека Македонија ги живее најцрните денови од својата историја, но верува дека ќе дојдат победите, како што рече.
„Денес сме во предвечерието на одбележувањето на ослободувањето на градот Гостивар. 74 години од конечната слобода која беше донесена на 18 ноември. Полошкиот заедно со дебарскиот регион, како и кичевскиот крај даде доста силно партизанско движење кое колуминираше со ослободување на неколку градови.
Гостивар 74 години живее слободно, и таа слобода е прескапо платена.
Мавровско-гостиварскиот партизански одред „Кораб“ била партизанска единица
предводена од Александар Радослављевиќ – Шапо. Слободата значеше можност за своја држава. Но денес на 17 ноември се одбележува уште еден јубилеј. 27 години од првиот Устав на независна Република Македонија. Уставот на Република Македонија ја дефинираше нашата држава, тој ноември таа 91-та година преставуваше верификација на нашата државност, столетниот сон на нашиот народ за своја држава, свои институции, знаме, химна.
Овој устав го преживеа тестот на времето со сите предизвици кои беа присутни тие
деведесети, но и годините потоа. За да денес имаме нова ситуација.
Уставот преставува алфа и омега на една земја, нејзиниот извод од матична книга на родени кој ја опишува и отцртува нашата држава. Токму со договорот со Грција овој извод се менува, се менува нејзиното име, се менува институционалниот идентитет, се
става рака на нашата историја, но и на АСНОМ. А АСНОМ е еден од темелите на нашата државност, но и континуитет на нашата борба за слобода, природен наследник на илинденците. Ако ги немаше
Илиндeнците, ќе го немаше АСНОМ, а ако го немаше сето ова тогаш ќе го немаше и Уставот од 91-та година, ниту формирањето на независна Република Македонија. Ние имаме легитимно право да се повикуваме на партизанското движење, во чија
суштина е илинденскиот непокор.
Партизаните да не заборавиме ја донесоа првата голема победа на македонскиот народ, во која и Гостивар имаше свој значаен удел. И сега ако тоа е основата на која ние денес функционираме, а ќе се
согласиме дека е така, одеднаш Власта вели дека АСНОМ предизвикал
иредентизам, тогаш со тоа велат неоправдано и неточно дека нашите темели се иредентистички. Тоа е директна штета за нашата држава.
Затоа денес со право се вели дека Македонија го живее најцрниот период со оваа неспособна власт. Но секој почеток има крај, а Македонија ќе победи!“, напиша Мицкоски на својот профил на Фејсбук.