Од очите на луѓето заклучив дека има многу желба, многу емоција, мобилизација што е многу важно и свесност за моментот кој што е пред нас и предизвикот кој што е пред нас бидејќи ова не се обични избори“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од митингот во Крушево.
Мицкоски додаде дека го дава својот збор пред граѓаните дека треба само во едно да бидат сигурни, а тоа е дека нема во Македонија да биде како до сега.
– За да не биде како до сега каде што Македонија е украдена од страна на една мала група луѓе, петмина дел од раководството на ДУИ, и неколкумина нивни измеќари од СДСМ. Ова го потенцирам свесен дека уште кратко време ќе биде градоначалник од СДСМ овдека во Крушево и очекувам во 2025-та година да настане таква промена и да се случи. Се обидувам на сите настани да се обратам и до оние кои што во минатото го дале својот глас и на СДСМ или на оние малкумина кои што се уште се дел од структурата на СДСМ или ги поддржуваат политиките на СДСМ. На овие избори јасен е победникот, на овие избори победникот ќе биде Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ „Твоја Македонија“. А, следниот претседател ќе биде професорката Гордана Силјановска Давкова“, рече Мицкоски.
Тој посочи дека на овие избори покрај оваа основна цел, другата задача и цел ќе биде конечно Али Ахмети и ДУИ да се испратат во политичка пензија.
„Многумина од раководството на ДУИ ме обвинуваат дека сум бил анти Албанец, дека сум бил ксенофоб. Зошто? Затоа што сум зборувал гласно за криминалот на овие луѓе. И не зборам за сите членови и симпатизери на ДУИ туку зборувам за неколкумина кои што се дел од раководството и кои што изминативе повеќе од две децении се дел од власта во Македонија и ја ограбуваат, засрамуваат и понижуваат Македонија“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.