495
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска во Благоевград изјави дека се таму за да дадат поддршка на отворањето на клубот „Никола Вапцаров“.
„Ние сме Македонци кои говорат македонски јазик. Во 21 век нити треба некој да има дилема, ниту воопшто да разговара, треба да се почитува правото на самоопределување. Горд сум што сме денеска со Македонците во Бугарија, рече Мицкоски.