Мицкоски од Будимпешта: Оптимист сум дека мора да не биде и ќе не биде

by Fokus

Денеска овде во Будимпешта во присуство на европската политичка заедница имавме навистина квалитетен работен ден којшто изобилуваше со многу работни средби со европските државници. Навистина во текот на денот направивме многу билатерални средби, ги презентиравме нашите аргументи, како ја гледаме нашата економска иднина, она коешто е важно, нашите економски цели, начинот на којшто планираме да ја развиваме нашата Македонија, но истовремено и да ги презентираме нашите погледи и аргументи за нашиот евроинтегративен пат, изјави премиерот Христијан Мицкоски од Будимпешта.

„Со секоја средба се повеќе и повеќе се бориме за нашите аргументи и за вистината онаква каква што е, онаа вистина којашто ја чувствуваа нашите граѓани и којашто е важна за Македонија.

Ќе продолжиме да се бориме за Македонија и во неделите, месеците, годините коишто следат. Мора да успееме. Мора да бидеме таму каде што заслужуваме а тоа е успешна европска приказна, а местото наше е во рамките на Европската Унија.

После овој состанок на европската политичка заедница овде во Будимпешта сум уште повеќе оптимист дека мора да не биде и ќе не биде.

Тоа што е важно е дека ние ќе дадеме се од себе да ги одбраниме националните интереси на македонските граѓани и на нашата татковина“ вели Мицкоски.

Поврзани новости