Мицкоски од Брисел: Тука сме да испратиме порака дека Македонија заслужува место во ЕУ

by fokus

Очекувам навистина позитивни впечатоци и тука сме да ги браниме македонските интереси, македонскиот идентитет и истовремено да испратиме порака дека нашето место, што веќе неколку пати сме го потврдиле и го заслужуваме, е токму тука, да бидеме рамноправна и полноправна членка на Европската Унија.

Ова вечерва преку видео-обраќање од Брисел го порача премиерот Христијан Мицкоски кој со владина делегација учествува на самитот ЕУ-Западен Балкан што денеска и утре се одржува во европската престолнина.

„Денеска сме овде во Брисел да испратиме порака дека македонските граѓани и Македонија како држава го заслужуваа своето место со останатите 27 земји членки на Европската Унија, и дека нашето место е токму тука на истата маса заедно со нив, бидејќи ние споделуваме исти вредности и се бориме за исти вредности и веруваме во тие вредности, а тоа е да бидеме обединети во различностите“, вели Мицкоски во видое-обраќањето.

Поврзани новости