Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска со виде порака од Беласица се обрати до јавноста, откако претходно им одаде почит на петмината стрелани студенти во 1951 година.
„После 8,5 км поминати низ Беласица планина се наоѓаме на местото каде што на 13 август 1951-та година беа стрелани Топчев, Белев, Пецев, Костуранов и Јарамов. Нека им е вечна слава.
Нека овој марш прерасне во традиција и нека идните генерации на Унијата на млади сили, но и сите оние граѓани кои што сакаат да им се придружат и ги почитуваат ликот и делото на овие прерано згаснати млади човечки животи. Луѓето кои што веруваа во Европска Македонија, луѓето кои што во едни времиња беа национално освестени, луѓето кои што македонската кауза им беше пред, им беше повеќе од нивните сопствени животи.
Еве и денеска се соочуваме пред една таква неправда која и се нанесува на нашата татковина. За жал, секогаш Македонија патела од раката на Македонецот, така се случува и десетици години потоа.
ВМРО-ДПМНЕ и Унијата на млади сили денеска оддаде почит на прерано згаснатите животи на овие млади патриоти. Ова прошетка ја искористив да поразговарам со младите луѓе, со луѓето на кои што иднината им претстои допрва во нивната земја.
Како професор универзитетски но и како претседател на најголемата опозициона партија можев да слушнам разни сведочења. Можев да ги слушнам проблемите на младите од Ново Село, од Струмица, од Василево, Босилово, Радовиш, Валандово, Богданци и Гевгелија, можев да ги слушнам проблемите на младите од руралните но и на оние од градските средини едно корисно искуство кое што во многу нешта ќе ни помогне кога ќе ја работиме нашата предизборна кампања и кога ќе ја работиме нашата предизборна програма.
Сакаме да понудиме нешто ново авангардно за младите, нешто што ќе значи додадена вредност во нивните животи понатаму. Нешто што ќе значи доволна провокација и мотив тие својата иднина и своите семејства да ги изградат тука во Македонија, а не истата да ја напуштаат, бидејќи навистина нема нешто потешко кога ќе се разделите од својот дом.
Затоа можам да препорачам на сите оние Македонци, на сите оние национално осознаени патриоти кои што го љубат ликот и делото на предците кои што со крв ја платиле слободата во која што ние уживаме, ваквите маршеви и чествувања во иднина да станат еден вид традиција, па еве и ова нека биде доволна провокација за идните генерации да се видиме и следната година на овој марш во чест на прерано загубените животи на Пецев, Белев, Јарамов, Топчев и Костуранов.
Уште една од местото каде што беа крвнички отепани порачувам Слава им.