Мицкоски: Очекувам зголемување на коалицијата

by fokus

Очекувам зголемување на коалицијата. Разговараме со многу политички партии, нашата стратегија е јасна. Ние формиравме Комисија за преговори со политичките партии и таа беше поддржана и изгласана и од Извршниот и од Централниот комитет. Планираме прво да разговараме со политичките партии од постојната коалиција и тоа ќе се случи во првата половина на февруари, изјави вечерва во своето гостување на 24 Анализа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој додаде дека ќе разговараат со сите партии кои имаат желба, намера да пристапат кон ВМРО-ДПМНЕ.

„Тоа ценам дека би требало да биде во втората половина на месец февруари. Во март да ја затвориме структурата на коалицијата со која ќе настапиме на следните претседателски и парламентарни избори. И потоа официјално да почнеме кампања“, рече Мицкоски.

Поврзани новости