Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на денешната посета на Прилеп, одговарајќи на новинарско прашање се осврна на предлог измените на Законот за регистрација на здруженија на граѓани, при што истакна дека власта 3 месеци ја лаже македонската јавност за измени на овој закон.
ВМРО-ДПМНЕ очекува поддршка од Владата за нивниот предложен закон за формирање здруженија и фондации.
-Три месеци ја лажат македонската јавност дека тие ќе предложат закон и видовме невидовме дека тие не предлагаат, а клубови на соседни држави кои што носат имиња на докажани фашисти се отвораат низ Македонија, зедовме и ние предложивме и очекуваме поддршка од Владата или да кажат барем што е тоа што треба да се дополни во тој закон што не им одговара да го прифатат, рече Мицкоски.
Мицкоски исто така упати и апел до Владата и до претседателот на државата Стево Пендаровски да дадат поддршка на овој предлог на ВМРО-ДПМНЕ со цел да се стави крај на провокациите
-Ја користам оваа прилика и до Пендаровски и до Владата да упатам апел да се поддржи законот и да се стави крај на овие провокации, потенцираше Мицкоски.
Израелскиот центар „Симон Визентал” од Ерусалим денеска даде јавна поддршка откако ВМРО-ДПМНЕ иницираше предлог-измени на Законот за здруженија.
Позадината на предложениот закон е неодамнешното воспоставување во Македонија на два бугарски културни центри, именувани по бугарски нацисти соработници, еден во Битола, именуван по Иван Михаилов и вториот неделава во Охрид, именуван по царот Борис Трети, и двајцата поддржувачи на сојузот на Бугарија со нацистичка германија, се вели во соопштението на центарот.