Мицкоски очекува до Нова година да биде потпишан договорот за гасниот интерконектор со Грција

by Fokus
Foto: EPA

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека овој месец завршува и тендерирањето за гасниот интерконектор со Грција. До Нова година како што рече премиерот очекува да се потпише договорот.

„Од друга страна до 20 ноември завршува тендерирањето за интерконекторот гасниот интерконектор со Грција. Очекувам до Нова година да се потпише договор и тој интерконектот да се заврши веќе да работиме на северниот интерконектот со Србија. Така што буквално на сите страни се работи“, истакна премиерот Мицкоски.

Тој нагласи и дека е започната реализацијата на проектите преку општините, очекува до 15 ноември да се потпишат уште договори за проекти.

„Започна оваа реализација на проектите преку општините преку општините таму имаме повеќе од 2,1- 2,2 милијарди денари за патна инфраструктура за општините. Булевари, улици итн. итн. потпишани со општините до овој момент. Очекувам до 15-ти тие што требаше да додадат, да додадат и уште плус, да се потпишат договори. И очекувам новиот тендер на новиот јавен повик февруари-март да биде објавен, да имаме уште неколку милијарди инвестиции за патната инфраструктура во општините. Така што тоа ни е приоритет и тоа ни е начин како можеме да си ја развиваме државата, нема друг значи тоа е единствениот начин како ќе ја развиваме“, рече Мицкоски.

Поврзани новости