Мицкоски обвини дека на изборите 10 милиони евра биле поделени на рака

by Фокус

Поткупот пред изборите беше вршен преку картичките што беа делени во сумa од 28 милиони евра, потоа преку проектот зелена нафта, но нашите информации се дека 10 милиони евра се поделени на рака вонинституционално, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на Алфа.

-Станува збор за девијантно однесување и поткуп кој досега е незабележан во светски размери не само во Македонија – обвинува Мицкоски.

Тој додаде дека ова не го објавиле пред изборите бидејќи, како што вели, сакале да играат витешки.

 

Поврзани новости