126
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски оствари средба со Џејмс О`Брајен, помошник државен секретар за Европски и Евроазиски прашања на САД.
На средбата, како што информираат од партијата, соговорниците ги потврдија добрите односи и потребата за ползување на придобивките од стратешкото партнерство на САД со Македонија.
Мицкоски истакнал дека стратешки интерес на Македонија освен членството во Европската Унија е и заштита на националните и идентитетски обележја на македонскиот народ и Македонија.
Од неговаа страна била афирмирана потребата за сериозна борба против корупцијата и криминалот како голем проблем на граѓаните, и неопходноста од системски реформи кои ќе го подобрат стандардот на државата.