Мицкоски: Ниту со амандмани не можеше да се спречат измените на Кривичниот законик

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостување во емисијата „Вести плус“ на Канал 5 телевизија говорејќи за измените на Кривичниот законик рече дека тие како опозиција не можеле да ги спречат ниту со амандмани, затоа што злоупотребено е европското знаменце.

-Ниту амандмани завршуваат работа, ниту постои начин да се сопре оваа работа. Затоа што е злоупотребено европското знаменце. Единствен начин да се побара одговорност е само на избори. Кога ќе дојдат изборите граѓаните да излезат масовно да го поддржат ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која што ја предводи, а јас еве ги гледам во очи и велам дека и златно знаме да стават има и други начини и други закони според кои што ќе одговараат за криминалот кој што го правеа изминативе шест години, рече Мицкоски.

Мицкоски посочи дека на шверцерски начин власта со европското знаменце сака да ја помине оваа измена на законот.

-Јас ја разбирам нивната интенција, дека тие мислат дека сега се заштитени, но и денес кажав на еден настан не само европско знаме, златно знаме да стават од криминалот кој што го правеле овие шест години и одговорноста за тој криминал нема каде да бегаат, рече Мицкоски.

Поврзани новости