Мицкоски: Никогаш немало толку народ пред Владата, Македонија е жива!

by fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, својпт говор на вечерашниот прптест го започна меѓу насобраниот народот. Рече дека никогаш немало толку народ пред Владата и дека тоа е доказ дека Македонија е тука и оти е жива.

-Денес сум овде пред вас затоа што ја имам одговорноста да се борам, вие сте мојот мотив. Во моите 44 години паметам два собири на кои имало многу народ. На 8 септември, 1991 година и овој денес, порача Мицкоски.

Тој додаде дека тргнуваат да ја освојат победата што им пропаѓала.

-Во Македонија се случува народ. Оваа одлучност за промени е толку голема што народот веќе нема што да загуби, рече Мицкоски на почетокот на својот говор.

Тој порача дека плоштадите и булеварите се полни со луѓе кои просат бидејќи изгубиле се, а луѓето од власта јаделе со златни виљушки и се возеле со луксузни автомобили.

Поврзани новости