Мицкоски: Никогаш не ветувавме чуда, но нема да ве изневериме

by Fokus

Лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски по повод 100 дена од локална власт, даде осврт на сработеното на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој даде критики кон актуелната владејачка гарнитура, затоа што според него, зголемувањето на минималната плата не е доволно.

„Никогаш не ветувавме чуда, но работиме квалитетно и правилно. Нема да ве изневериме, бевме заедно кога имаше поплави, пожари, кога власта ги затвораше вратите за народот. Сите знаеме дека општините се крвотокот на државата. Деновиве слушаме како владата се фали дека расте минималната пата. Немаме ништо против тоа, но тоа не е доволно. Инфлацијата го јаде покачувањето на минималната плата“, рече Мицкоски.

Поврзани новости