Мицкоски: Никогаш не сум дал поддршка за внесување на Бугарите во Уставот!

by Fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска од протестниот марш кон Собранието порача дека во четврток пред пратениците ќе се најде „документ кој нема правно значење или правна вредност“.

Тој истакна дека никогаш не дал поддршка за внесување на Бугарите во Уставот.

-Нека кажат кога сум кажал, нека излезат со став дали сум дал поддршка. Спомнувавме дека сме подготвени да разговараме, но со одредени гаранции кои што во последниот предлог ги нема. Протоколот не ни е познат, нема билатерални договори, тоа се работи за кои ВМРО-ДПМНЕ строго се противеше, а се најдени во последниот предлог. Нека не растураат пердуви, нека кажат дали сме дале таква поддршка, дециден е Мицкоски.

Поврзани новости