Мицкоски: Никаде не го спомнав Вице Заев

by fokus

Никаде јасно не посочивме дека во скандалот со изнудување пари од битолска фирма е замешан бизнисменот Вице Заев, брат на премиерот Зоран Заев, рече денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, откако вчера на брифинг со новинарите обелодени, како што рече, скандал за изнуда од 250.000 евра од битолската фирма „Рубитон“.

-Во Записникот од ОЈО стои името Вице Н., а зошто братот на премиерот се препознал и зошто беа потребни сите тие навреди и реакции кон мене, не знам. Јас никаде на тој брифинг со новинарите не го спомнав името и презимето на Вице Заев – рече денес Мицкоски.

Сепак, од ДПМНЕ вчера директно го посочија Вице Заев како дел од овој случај, а тоа денес го стори и пратеникот од опозициската партија Миле Лефков, кој ги достави документите до Јавното обвинителство и побара, меѓу другото, да биде постапено и во однос на братот на премиерот Заев.

Поврзани новости