Мицкоски: Ние нема да ветуваме многу

by fokus

Државата со оваа власт тоне во криминал и корупција и токму затоа ова се избори кои одлучуваат за нашата иднина, дали ќе дозволиме да живееме во ваква држава или ќе се избориме за нова, подобра и поуспешна иднина, на проекти и победи, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Демир Капија.

-14 луѓе изгореа живи, 14 луѓе во Тетово ги загубија своите животи и до ден денеска после неколку недели нема ниту еден човек кој ќе се охрабри да понесе орговорност преку неотповиклива одставка, туку се обидуваат преку политички трикови и го слушаме Заев кој вели дека нема потреба од оставки, дека тие направиле премногу и ќе чека некаква истрага. Но нема бегање од вистината – рече Мицкоски.

Мицкоски истакна дека власта е најдобра само во издавање на пасоши на нарко дилери.

-Нема нарко бос кој нема македонски пасош, а денеска вие кога ќе отидете да извадите пасош мора да чекате со денови за термин за сликање, а потоа и денови да добиете пасош. Имаме вицепремиер за борба против корупција, кому најголемо достигнување му се десетици килограми запленет путер со изминат рок. Имаме генерален секрета на влада кој 4 години местеле тендери, за да денеска под превезот на тоа дека е во куќен притвор си се шета слободно – посочи Мицкоски.

Тој нагласи дека ако се споредат понудите, во понудата на СДСМ, како што рече, има само поткуп.

-Ние нема да ветуваме многу, но тоа што ќе го ветиме, ќе го оствариме. Нам ни треба нова иднина, и знам дека ние ВМРО-ДПМНЕ по локалните избори и потоа по формирањето на ново парламентарно мнозинство ќе бидеме тие кои ќе ја креираат таа нова иднина, која ќе биде поразлична и поуспешна од ова секојдневие кое сега го живееме – истакна Мицкоски.

Поврзани новости