Јавно ќе прашам – зошто досега се направени само околу 260 тестови? Одговорот е – затоа што немаат тестови. Се тестираат само најакутните случаи, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за Дојче Веле.
На прашањето зошто неговите сопартијци изнесуваат тешки критики за начинот на кој Владата се справува со корона вирусот, Мицкоски вели:
–Седум дена ги повикуваме да разговараме. Седум дена трае игнорантскиот однос кон нашиот повик. Седум дена траеше „медениот месец“ на Филипче и останатите од власта. Тој меден месец заврши. Не можеме да аплаудираме. Мора реално да гледаме на состојбите во државата. Јавно ќе поставам прашање: со колку здравствен персонал – лекари и средномедицински кадар, располага здравството? Колку епидемиолози има? Каде се ангажирани тие? Зошто досега се направени само околу 260 тестови? Одговорот е јасен: затоа што немаат тестови. Се тестираат само најакутните случаи, и оние кои имале контакт со заразен. А, стотици луѓе се вратија од ниско и високоризичните држави, вели Мицкоски.