Мицкоски нема доказ дека Реџепи бил киднапиран

by Фокус

Доказ немам, но Кастриот Реџепи беше киднапиран, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Тој доброволно се потпиша на списокот за пад на оваа влада, и тоа под имињата на Борислав Крмов и Димитар Апасиев од Левица. А сега вели дека не знаел дека и тие се потпишани – рече Мицкоски на Телма.

Тој вели дека не бил иницијатор за ново парламентарно мнозинство. Фактот што оваа иницијатива не успеа, според него, не претставува негов личен неуспех.

-Јас кога ја објавив сликата имавме 61 пратеник. Претходно, на локални избори победивме во над 40 општини. Тука се гледа дали е неуспех – рече Мицкоски.

Тој додаде дека власта може да обезбеди и 61 пратеник со „криминални методи“, но, како што истакнува, сега има 59.

-Каков е легитимитетот на оваа влада со 59 пратеници во парламентот – праша Мицкоски, додавајќи дека Македонија е се уште најкорумпирана држава, со најголем број на смртни случаи и без економски резултати.

Поврзани новости