Мицкоски нема да чувствува одговорност ако не се донесе Законот за обвинителство: Одговорноста е на предлагачот

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека ВМРО-ДПМНЕ нема да чувствува одговорност доколку не се донесе Законот за обвинителство.

-Не знам зошто би чувствувале одговорност како опозиција ако законот не се донесе. Одговорноста е на предлагачот ако некој закон не се донесе. Владата треба еднаш да покаже зрелост, да се издигне, да ги надмине личните фрустации и да го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ: да дозволиме оние кои се најкомпентентни да го направат законот. Ние тој закон безусловно ќе го поддржиме. Ги замолувам да остават законот да го направат експертите, смета Мицкоски.

Поврзани новости