744
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска од Гевгелија порача дека не верува дека премиерот Заев ќе се повлече од функцијата во Владата, откако тој најави дека ќе го стори тоа доколку го изгубат Скопје во вториот круг од изборите.
„Многупати Зоран Заев кажал, па порекол, така и овој пат. Ме загрижува ова кое се случува меѓу двата круга посебно политиката на делби и поделби, на или-или коментари, разгорување на меѓуетничка тензија која се случува низ Македонија“, истакна Мицкоски.