Мицкоски не смета дека е преседан најавата за протести ако членовите на Судскиот совет не постапат соодветно

by Fokus

Премиерот Христијан Мицкоски не смета дека е преседан неговата најава за протести доколку членовите на Судскиот совет не постапат соодветно одлуката на парламентарците кои им изгласаа недоверба и се инаетат.

Тој смета дека со вчерашната изјава што ја даде, а ја повтори и денеска, дека може да се случи народ, не се врши упад во независноста на правосудството и додаде дека како претседател на Владата негова должност е да предупредува на последиците од однесувањето на членовите на Советот.

„Тоа е моја должност. Да не биде после дека не сум кажал. Затоа што ако нè фатат во спиење и ни се случи народ, тогаш се плашам дека ќе има последици. Како во минатото се сеќавате имаше и други претседатели на Влада, коишто буквално ги користеа заканите за да партизираат во судството. Ќе ве потсетам, крајно дрска и разочарувачка е одлуката на Советот за вршител на должноста претседател на Врховниот суд да постави човек којшто доаѓа буквално од кожената фотелја од салонот во Речица. Како тоа да не го иритира народот. Нормално дека народот ќе биде иритиран. Јас само пренесувам тоа што слушам и само сум должен да предупредам, да не биде потоа не сме знаеле, не сме кажале“ – рече Мицкоски денеска во одговор на новинарско прашање при неговата посета на Општина Ѓорче Петров.

Прашан дали судиите од Судскиот совет на кои им беше изгласана недоверба ќе продолжат да земаат плата, Мицкоски даде потврден одговор велејќи дека така ќе биде се додека не заминат од функцијата, што е, како што рече, уште една причина за револтот кај граѓаните.

„Ја чувствувам таа негативна вибрација кај граѓаните, гледам дека работата зоврива и дека можно е да се самоорганизираат и тоа може да бидат масовни протести. И тука сум веќе и јас загрижен бидејќи логично е да се грижиме за безбедноста на државата“ – додаде Мицкоски.

 

Поврзани новости