Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека за време на престојот во Будимпешта, каде се одржа меѓувладина седница, изјави дека не се сретнал со поранешниот премиер Никола Груевски, но дека средби остварувале поранешни функционери на СДСМ и ДУИ.
Тој одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали се сретнал со Груевски во Будимпешта, но и за придобивките кои ги има земјава од заедничката седница и посетата таму, рече дека таква средба немало, а доколку има јавноста ќе биде информирана, бидејќи води транспарентна политика.
– Во Будимпешта не се сретнав во Никола Груевски, но доколку се сретнам ќе бидете информирани затоа што јас водам политика на принципот вистината е најточна. Верувајте, секогаш кога нешто ќе се случи јас тоа го кажувам и немам што да кријам, но исто така во име на таа вистина можам да потврдам, а многу скоро и со докази дека голем дел од функционерите на поранешната владина коалиција СДСМ и ДУИ, во Будимпешта се среќавале со Никола Груевски, и притоа не дадоа искрен одговор – нагласи Мицкоски за време на денешната посета на Општина Илинден.