Мицкоски не се појави во полициска станица, испратил адвокат

by fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски утринава не се појави во Полициската станица Цнтар, каде што беше повикан на информативен разговор, а во врска со случката со кафеаната во Дебар Мало.

-Од страна на МВР на лицето Х.М. му беше врачена покана да се јави на информативен разговор во Полициска станица Центар, денеска во 10 часот, а во врска со настан во угостителски објект во дебар мало. Х.М. не се појави во полициска станица туку неговиот правен застапник, изјавија од МВР за „Фокус“.

На почетокот на месецот инспекторите го фатија Мицкоски како седи во внатрешноста на кафана во Дебар Маало иако тоа беше забрането поради ширење на заразата со Ковид 19.

Претходно беше најавено дека против лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде поднесена прекршочна пријава за овој случај.

 

Поврзани новости