Мицкоски не само што праќал пораки туку и се јавувал да врши притисок во МВР, реагира СДСМ

by Fokus

Христијан Мицкоски денеска самиот призна дека вршел притисок во МВР за случајот со теретана, реагираат од СДСМ откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека имал разговор со надлежно лице во МВР за случајот со снимката од теретана.

„Не само што праќал пораки, туку Мицкоски се јавувал на телефон и вршел притисок во внатрешната контрола за неговиот случај. ’Здраво, би сакал да се слушнеме‘ е ново признание за обидите на режимската инсталација на старото МВРО-ВМРО. Но тоа време заврши. Според истото признание на Мицкоски, притисокот е извршен со помош на Наќе Отсјај, што отвора други основи за одговорност. Јавноста очекува истрагата да заврши и да ги даде одговорите“, велат од СДСМ.

Снимката со Мицкоски во теретана се појави на 25 април годинава, но тој тврдеше дека таа е стана најмалку 6 месеци.

 

Поврзани новости