2
Премиерот Христијан Мицкоски денеска како одговор на новинарско прашање рече дека ако има зголемување на цената на електричната енергија за домаќинствата од јануари, тоа да биде од еден до три отсто.
„Не очекувам зголемување од 10, 15 или 20 проценти, како што тоа е случајот со многу држави во регионот и Европа. Очекувам, ако има, тоа да биде незначотелно – во рамките на еден до три проценти. Не очекувам поголема да биде од тоа, рече Мицкоски.
Премиерот наведе дека АД ЕСМ е во процес на консолидација и дека очекува од 2026 да работи со добивка. Цената на електрична енергија по која ЕСМ би му ја продавал на ЕВН Хоме од јануари би била, според негови проценки, помеѓу 58 и 60 евра од мегаватчас.