524
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не очекува премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, да поднесе оставка на функцијата, затоа што како што рече, Заев многупати во минатото не го исполнил тоа што го рекол.
Кога станува збор за тоа кој би можел да го наследи Заев од лидерската функција во СДСМ, Мицкоски рече дека не е негово да се меша во внатрешните работи на противничката партија, оти во СДСМ сами ќе си донесат одлука како понатаму и со кои кадровски решенија.
– Ние сме фокусирани да создадеме нова иднина, да не биде тоа само пишано слово на хартија, туку навистина да испорачаме. Триесет години преку глава на граѓаните им е од криминал, наместени тендери, корупција…Тие навистина сакаат да видат засукани ракави и работа, рече тој.