Мицкоски не ги исклучил реформаторите, само ги ставил на клупа за резерви

by fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во 1ТВ рече уште кога бил назначен за претседател на најголемата опозициска партија, во својата програма владеењето на правото било на врвот на неговите заложби.

Тој потенцираше дека т.н „реформатори“, не се исклучени од партијата и дека со дел од нив има постојана комуникација.

-ВМРО-ДПМНЕ е партија која дава шанса секому, без разлика на било кое ниво на партијата. Во одреден момент партијата одлучува дали вие сте ја искористиле таа шанса или не. Доколку не ја искористите, можеби партијата ќе ве стави на клупата за резерви, одговори Мицкоски.

Поврзани новости