Мицкоски: Не е важно зошто ВМРО-ДПМНЕ не се откажало од Груевски, важно е како Македонија да оди напред

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по завршувањето на вечерашниот протест не сакаше да ги коментира фотографиите од Никола Груевски во Будимпешта.

-Се уште не се знае кандидатот за претседателските избори. Допрва ќе почнеме со внатрепартиски консултации и анализи. Наскоро јавноста ќе го дознае името.А, не е важно зошто Заев не се откажал од хировите на неговите претходници, не е важно ниту зошто ВМРО-ДПМНЕ не се откажало од Груевски, важно е како Македонија да оди напред и како да обезбедиме подобра иднина, изјави Мицкоски за телевизија Канал 5.

Поврзани новости