Неговиот опонент Христијан Мицкоски смета дека не е најстрашно што социјалдемократите ја копираат терминологијата на ВМРО-ДПМНЕ, туку што не ги реализираат најавените активности.
„Јавноста се изнаслуша различни најави за некакви акции на власта. Најпрво тие беа дека ќе се случела некаква чистка и раскрстување со компромитираните кадри во власта, па потоа онаа изјава на Заев пред изборите дека ќе правел операција ‘метла’, по што ништо не се случи ниту од чистката ниту од метлата. Откако во неколку наврати најавувам македонска пролет, гледам дека и Заев најавува некаква пролетна офанзива на промена на компромитирани кадри. Притоа ве уверувам дека не е најлошото што ја копираат терминологијата од ВМРО-ДПМНЕ, туку што и по овие најави освен фасадна рокада во неколку ресори нема ништо суштински да се случи“, вели за ДВ, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.