704
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски првпат слушна за спотот кој го снимаше министерот Наќе Чулев од водителот при гостувањето на ТВ 24. Мицкоски во прв момент мислеше дека водителот вели дека Чулев глумел во некој спот со полицијата.
-Не знам дали Чулев снима спотови. Немам таква информација, јас колку што знам тој е министер, не глумец. Наќе Чулев снима спотови? Првпат слушам од вас, рече Мицкоски.
Откако водителот му објасни дека не станува збор за тоа дека Чулев глумел во спот, туку дека организирал снимање спот за Денот на полицијата, тогаш Мицкоски рече дека тоа не е ништо лошо.
-Мислите снимил спот за Денот на полицијата? Велите дека тоа е лошо? Не сум информиран за тоа, мислам дека тоа не е круцијално прашање, рече Мицкоски.