Мицкоски: Не чекаат полоши времиња со корона кризата и економска шок-бомба

by Фокус

Додека не очекува тежок период и уште полоши времиња со корона кризата, гледаме дека владата не знае како да се справи со ситуацијата, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на прашања од граѓаните на Фејсбук.

-Не очекува прилично тежок период поради неспособната влада, поради сето што таа влада нас ни го приредуваше во периодот помеѓу првиот и вториот бран. Кога цела Европа се подготвуваше за вториот бран, не уверуваа за некоја нова нормалност и дека знаат што прават, а во суштина гледаме дека бројот на заболените во овој втор бран за десеткратно е поголем од бројот на заболените кој беше во првиот. За жал, двоцифрена е бројката на луѓе кои го губат животот, а ни следува и економска шок-бомба – истакна Мицкоски.

Тој посочи дека од владата не знаат да дадат одговор на кризата, бидејќи покажаа дека се некадарни и без знаење.

-Затоа од ВМРО-ДПМНЕ предлагаме мерки кои ќе го олеснат животот на граѓаните. Сакаме да им помогнеме на граѓаните бидејќи гледаме дека тие се оставени на милост и немилост на една влада која се ја интересира, само не здравјето на граѓаните. Побаравме веднаш да бидат ослободени хронично болните, да се воведат бесплатни тестирања за здравствените работници, за просветните работници бидејќи секојдневно се во контакт со граѓани, да се формира специјална ковид-комисија, но до овој момент освен игнорантскиот однос на власта нема никаков одговор од владата – изјави Мицкоски.

Поврзани новости