Мицкоски: Не бојкотирав, туку апстинирав

by fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на телевизија Алфа уште еднаш избега од зборот „бојкотирам“ и на констатацијата на водителката дека го бојкотирал референдумот, тој рече дека не бојкотирал.

-Не, вчера апстинирав. Прашањето беше манипулативно и повеќезначно. Повеќето граѓани се за ЕУ и НАТО, но се против Договорот. Врз основа на целокупниот процес кој го имавме, донесевме став кој има широчина, секој граѓанин сам да си одлучи. Тој став беше реален одраз на мислењето на граѓаните, рече Мицкоски.

Поврзани новости