Мицкоски: Не бараме амнестија, туку правда за осудените од „27 април“

by fokus

Ние не бараме амнестија, туку правда за осудените за 27 април, изјави опозицискиот лидер Христијан Мицкоски по средбата со претседателот Стево Пендаровски и рече дека наишол на разбирање од страна на претседателот.

Тој објасни дека осудените за „27 април“  се осудени за крвично дело терористичко загрозување на уставниот поредок  и смета дека тие треба да одговараат за делото кое го сториле, а не за делото за кое се осудени.

-Не гледам причина зошто овие терористи,како што ги нарекува Заев, врз основа на нови докази кои ги поседува одбраната, да не можат да докажат дека не се терористи туку да одговараат за делото кое го сториле. Ако можеше случајот „Монструм“ кој да се суди повторно поради изјава на Заев, зошто не и овој случај, вели Мицкоски.

Тој потврди дека со оваа средба ги одмрзнале односите со Пендаровски, но вели дека не значи дека и понатаму нема да има несогласувања меѓу нив.

 

Поврзани новости