Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во денешното интервју на Сител му понуди поддршка на премиерот Зоран Заев за реформските закони, под услов тој да се откаже од Законот за јазиците.
-Ако чесно и добро и мисли на Република Македонија и ако навистина се декларира како реформски политичар, тогаш да продолжиме со процесот на реформи, бидејки тие се вистинскиот приоритет за развојот на Република Македонија. Ако Зоран Заев има концесија, еве ние како политичка партија како ВМРО – ДПМНЕ и ако е уценет дека преку таа концесија ќе му се распадне владата и ако има договор за да остане владата, еве ние како ВМРО – ДПМНЕ му се нудиме со нашите парламетарни пратеници да ја поддржиме неговата Влада во сите овие реформски процеси, под еден услов да го тргне Законот за јазици од собраниската процедура, изјави Мицкоски.