494
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил изрази сочувство за загинатите во сообрќајната несреќа што се случи попладнево на патот Скопје – Тетово, кај Карпалак.
-Со длабоко жалење и неверување ја примив страшната вест за автобуската сообраќајна несреќа. Искрено сочувство до семејствата на оние кои ги загубија животите. Нашите молитви се со семејствата на настраданите и повредените од оваа страотна несреќа, напиша Мицкоски, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ со своите расположливи капацитети стои на располагање да помогне.