Мицкоски: Нашите информации се дека Мијалков стигнал до Белград

by Fokus

Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во Радио Лидер зборуваше за целиот случај поврзан со Сашо Мијалков каде посочи дека власта го пуштила Мијалков да избега во Белград и потоа под притисок на власта Мијалков се враќа во Македонија.

-Тоа е дел од овој театар, од овој циркус кој што ние го нарековме и срам кој што го нанесе Зоран Заев и Оливер Спасовски на Македонија и на граѓаните. Ако граѓаните претходно немаат доверба во политиката сега после овој театар уште повеќе ќе немаат. Луѓе кои го познаваат Мијалков и се негови блиски пријатели сега веќе на големо зборуваат дека во последните недели, да не речам месеци единствено со кој што комуницирал и со кој што имал би рекол непосредна комуникација и огромна доверба и кого го слушам тој бил Зоран и Вице Заеви. Ова се кредибилни извори кои што велат дека довербата била на тоа ниво да практично никој друг не слушал освен тоа што ќе го кажеле Зоран и Вице Заеви бидејќи тие му ветиле нему дека нема да се случи тоа што денеска се случи. Но очигледно дека притисокот бил преголем во даден момент и врз Зоран Заев и тој морал да ги примени тие методи кои јавно ги кажа на прес конференција. Нашите информации се дека Мијалков стигнал до Белград се враќа назад и потоа следи оној циркус со тоа дека вие господине Мијалков сте во Македонија и така натаму, кажа Мицкоски.

Потоа Мицкоски посочи дека тој е згрозен од целата оваа ситуација која се случува.

-Јас сум згрозен од сето ова што се случува не затоа што очекувам повеќе од Зоран Заев туку едноставно што дополнително кога мислите дека тој го допрел дното, тој копа подлабоко и оди уште подлабоко во некое дно, додаде Мицкоски.

Мицкоски: Тодоров избега како последна кукавица од ВМРО-ДПМНЕ во 2017-та година и реши да одработува за Заев затоа што го притиснале за тоа што го работел или не работел како министер

-Тоа беше обид на СДСМ и на Зоран Заев и на Оливер Спасовски сега претпоставувам дека имаат скапо платени луѓе кои што работат на нивните односи со јавноста, и велат сега ајде да го лепиме Сашо Мијалков до Христијан. И на тој начин ќе ја санираме дел од штетата, потоа тука има заробеници од типот на еден поранешен министер за здравство, кој што како последна кукавица избега во последните моменти во 2017-тата година од Штабот на ВМРО-ДПМНЕ и избега за тоа што беше исплашен дека може да одговара за сето она кое што го сработил или несработил додека министерувал,рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостување во „Радио Лидер“.

Мицкоски додаде дека токму тој поранешен министер за здравство е главен советник на оваа власт. И се обидува на невешт начин да сервира определени информации кои што се апсолутно неточни.

-Имаше тогаш јавен повик, од страна на партијата да се кандидираат претседателски аспиранти итн. Во тој момент единствен кој што аплицира бев јас со комплетна документација и имаше уште една некомплетна документација и 370-80 делегати на конгресот во Валандово ме избраа, а меѓу нив беше и тогаш Сашо Мијалков. Но меѓу нив беа и останатите 369 делегати, појасни Мицкоски.

Поврзани новости