Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ запрашам како го коментира тоа што роднините на болните од цистична фиброза молат за набавка на лекот Трикафта посочи дека тоа што се случува во државата е жално, трагично. Мицкоски укажа дека треба да се увиди колку луѓе може да се третираат со лекот кој им е потребен ако се земам во предвид тоа што владата ќе плаќа 53 милиони евра пенали на приватна компанија.
„Навистина жално, тажно, трагично. Замислете колку луѓе може да се третираат со лекот од овие 53 милиони евра да речеме, пенали кои што владата свесно ги превзела да ги плати на приватната компанија затоа што свесно знае дека Уставниот суд веќе донел одлука за неможност односно оспорување на одлуката за зголемување на работната недела од 40 на 60 работни часа. Замислете со овие 53 милиони евра колку луѓе можат да бидат третирани и со оние 2 милиони евра дополнителни пенали кои што исто така на месечна основа ги имаат превземено можат да се третираат овие пациенти“ – рече тој.
Во врска со ова Мицкоски порача дека ова веќе не е борба кој да ја формира владата, ова е борба за да се минимизираме штетата која што на дневна основа се случува во Македонија и да се спаси некој човечки живот.
„Немам зборови, нивниот примитивизам и неодговорност шокираат и колку побргу заминат толку повеќе луѓе ќе се спасат во Македонија. Ова веќе не е борба кој да ја формира владата, ова е борба за да ја минимизираме штетата која што на дневна основа се случува во Македонија и да спасиме некој човечки живот. Овој нивен примитивизам и неспособност шокира и навистина не загрижува и час поскоро треба да се одважат, да излезат пред граѓаните, да излеземе на избори и да завршиме еднаш со оваа политичка елита која што ја предводи владата на ДУИ поддржана од помалиот коалиционен партнер СДС“ – кажа Мицкоски.