Мицкоски: Наместо „game change“ за Заев ќе има „game over“

by Fokus

Кога Зоран Заев најавува “game change”, тогаш сигурен сум народот на Македонија во недела ќе му испорача “game over”, играта заврши. „Game over“ е потребен затоа што само така ќе им се стави крај на лагите, разочарувањата и корупцијата кои му ги носат на народот цели 5 години. Ќе има “game over“ за Заев затоа што народот го прочита дека волкот влакното го менува карактерот не, изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ вечерва во општина Вевчани.

Според него, „новата иднина значи и промена на реалноста во која живееме“.

-Реалноста и голиот живот кој покажува дека имаме власт која е корумпирана, криминална. Власт која се пазари со нашите најсвети чувства, власт со која цели 5 години се вртиме во истиот круг. Ја нема ниту Европската Унија која толку многу ја ветуваа, нема ниту живот каков што убедуваа дека ќе донесат. Но затоа има борба за тендери, понижувања, притисоци и порази, рече Мицкоски.

Ваквата изјава на Мицкоски следува откако синоќа премиерот Зоран Заев на митингот на партијата СДСМ во Скопје, најави „Game change“.

– Малку недостига со непресметливи луѓе, како што е раководството на ВМРО-ДПМНЕ да ни отиде земјата во провалија. И уште нешто – најавувам вечерва – давам јасна насока и директива, во сите општински организации, кај сите наши градоначалници, сите министри и директори – GAME CHANGE – излегоа проблемите на виделина – фрчат пораки со проблемите на луѓето – тргнуваме со нов систем каде секој граѓанин ќе добие одговор – прво дека пријавата или поплаката или барањето се примени, а веднаш потоа и упатување од секоја институција како ќе се решава проблемот. Систем другари. Правила и процедури. Секој штој пријавил проблем добива одговор, фидбек. Ама секој. Без разлика кој е. Систем услуги кој оди рамо-до-рамо со дигитализацијата. А ако некој не добие соодветна услуга, ќе светне црвено на компјутерот и одма се знае кој затаил, кој не работи како што треба, кажа Заев.

 

Поврзани новости