Македонскиот премиер Христијан Мицкоски на социјалните мрежи најави помош од Словенија, Србија, Турција и Црна Гора во борбата против пожарите
„Се бориме против огнените стихии поради топлотниот бран. Интензивно сме во комуникација со повеќе пријателски држави од кои побаравме помош во рамките на нивните можности за гасење на пожарите. За скоро пристигнува помош од Словенија, Турција, Србија и Црна Гора“ напиша премиерот Мицкоски на Фејсбук.
Потсети дека министрите за одбрана, МВР, надворешни работи и трговија Мисајлоски, Тошковски, Муцунски како и директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов се во интензивна комуникација со нивните колеги од овие држави.
„За само неколку дена после повеќегодишно запоставување и негрижа и затекната состојба на приземјени летала без пилоти, оспособивме летала кои се приклучија во гасење на пожарите и соодветен кадар. Се приклучи армијата и полицијата. Сега обезбедуваме и поддршка од пријателите. Нема да седиме со скрстени раце и ќе направиме се што е во наша моќ и надлежност да се справиме со состојбите“ пишува Мицкоски на Фејсбук.