Мицкоски најави ограничување на цените на училишните производи

by Fokus

Премиерот Христијан Мицкоски најави ограничување на цените на училишните производи со цел да се олеснат трошоците за родителите на стартот на новата учебна година.

Тој додаде дека во моментов во Владата се прави анализа на тие трошоци.

„Се надевам дека во текот на денот таа анализа ќе биде готова и ќе излеземе со предлог-мерки на утрешната владина седница, а веднаш по завршувањето и по успешното усвојување на мерката ќе имаме и прес-конференција за да може да ги соопштиме сите овие податоци. Така што, да, се подготвуваме да го олесниме трошокот на родителите со лимитирање на цените на основните производи кои се најпотребни за успешен старт на учебната година“, изјави Мицкоски за време на неговата посета на основното училиште „Стив Наумов“ во Автокоманда по повод почетокот на новата учебна година.

Поврзани новости