90
Американската компанија „Вабтек“ ќе инвестира во Македонија, најави премиерот Христијан Мицкоски во објава на неговиот фејсбук-профил.
Премиерот вели дека денеска имал средба со извршниот потпретседател на компанијата во Вашингтон каде, како што вели, била потврдена динамиката на реализација на новата инвестиција.
„По инвестицијата од 500 милиони долари на ‘Алказар Енерџи’ во ветерен парк која е најголема во регионот и инвестицијата на германско-белгиската компанија ‘Епсотек Аим’ во Петровец од 20 милиони евра, американски ‘Вабтек’ ќе инвестира во Македонија“, пишува Мицкоски во објавата на Фејсбук.