Од информациите коишто ги добив од претседателот на ДИК можам да кажам дека формално постапката за набавка на терминалите за отчитувачи на отпечатоци од прст е завршена и тоа е еден огромен чекор кон демократијата на самиот ден на гласање, изјави денеска на прес-конференција претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
– На овој начин конечно се става крај на сомнежите за семејно или групно гласање и овој начин на гласање е доказ, дека и од друга страна, претставува исклучителна квалитетна можност и инструмент за да можеме да ја провериме веродостојноста на податоците од претстојниот попис којшто ќе се случи во месец септември, нагласи Мицкоски.
Тој потенцираше дека со терминалите за отчитување на отпечатоци, ќе се даде многу јасен одговор колку луѓе денес има во државата, без да има какви било обиди за политичка манипулација и злоупотреба.