Мицкоски на централната прослава во Крушево: Борбата за Македонија никогаш нема да престане

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и делегација на опозициската партија денеска се дел од централната прослава во Крушево.

Мицкоски положи цвеќе на гробот на Никола Карев во Македониумот, како и на споменикот на бранителите на Крушевската Република и Споменикот на Слива „На хероите на Слива“.

Од партијата порачаа дека борбата за Македонија никогаш нема да престане.

-Горди сме на нашето минато и нема да дозволиме тоа некој да ни го погази или присвои. Горди сме на нашите предци и на нивната саможртва да ја изградат Македонија. Тие се нашиот пример дека со сплотеност и одлучност можат да се постигнат сите, велат од партијата.

Поврзани новости