Мицкоски на терен со градоначалниците: Политичарот треба да е слуга на народот

by fokus

Во населеното место Страчинци денеска започна изградбата на фекална канализацисла мрежа. Инвестицијата е 5.173.000 денари, средства од буџетот на општина Гази Баба, изјави денеска градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски.

На настанот присуствуваше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Денеска во Страчинци градоначалникот Бобан Стефковски започнува да го исполнува тоа што е ветено пред граѓаните. Започнува со работа и изработка на оваа фекална канализација со цевки Ф-200, повеќе од 170 приклучоци.

Политичарот треба да е слуга на народот, а не да биде над облаците и над народот. Тоа е заедничкиот патриотизам и тоа е она кое што ВМРО-ДПМНЕ и оваа генерација го промовира, напиша Мицкоски на фејсбук, споделувајќи и фотографии.

Поврзани новости