Мицкоски на терен: Од граѓаните да ги слушнеме проблемите и да понудиме решенија

by Fokus

ВМРО-ДПМНЕ ја почна акцијата „Важно е! Од тебе зависат промените“, со која планираат да ја поминат цела Македонија директно од терен да разговараат со граѓаните, организации, здруженија, целни групи и да ги слушнат од прво лице проблемите на граѓаните и да понудат решенија, кои ќе биде содржани во програмата што ќе биде дел од кампањата за следните парламентарни избори, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Еден нов пристап на неколку месеци пред почеток на кампањата сакаме јасно да ги дефинираме приоритетите на нашите граѓани, на економијата, на целните групи, на луѓето што денеска се во Македонија и кои денеска се грижат и им значи Македонија да успее.

Затоа велиме дека е важно, алармот е вклучен и ние цениме дека со оваа акција можеме навистина да имаме една исклучително содржајна кампања. Почнуваме токму овде од Охрид со мене тука е и градоначалникот, претседавачот на Совет и пратениците, и сите оние кои што се дел од администрацијата во Охрид, дел од структурата овде во општина Охрид“ додаде Мицкоски.

Поврзани новости